Силен земјотрес го погоди Мексико


zemjotresСилен земјотрес, со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала беше регистриран денеска во јужниот дел на Мексико, а истиот беше почувствуван и во мексиканската престолнина, соопшти Националниот геолошки институт.

Засега нема податоци за материјалнатa штета и за евентуални жртви.

Епицентарот на потресот бил на 24 километри југозападно од местото Тепкан, во државата Гереро, на длабочина од 10 километри.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1