Почнува бесплатното возење на пензионери и во недела


Мишо Николов, директор на ЈСП информира дека бесплатното возење на старите лица во ден недела ќе почне да се применува откако ќе се конституира Собранието.

guzva-avtobus-lugje-narod-D_0– Изборниот закон тоа го налагаат. Штом ќе се исполнат условите, ќе почне да се применува одлуката за бесплатен превоз и во недела. Доколку во наредната седмица се конституира парламентот, тогаш и од наредната недела и ќе почне да се применува оваа одлука што ја донесе Советот на Град Скопје – потенцира Николов.

Во врска со бесплатниот превоз за студентите секој четврток, што беше дел од програмата на ВМРО-ДМНЕ за овие парламентарни избори, Николов рече дека одлука за тоа прво треба да донесе Советот на Град Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1