Пратениците ќе вежбаат фитнес и ќе се тушираат во собрание


Дел од покривот на Собранието на Република Македонија над главниот влез ќе биде адаптиран за видиковец. По примерот на парламентите на ЕУ, Белгија, Канада, Грција и македонското собрание ќе добие фитнес сала, која е веќе опремена, а покрај пратениците ќе ја користат и околу 300 вработени во собраниските служби, информираше главниот архитект на Собранието, Биљана Ивановска, на обиколка со новинарите.

kupoli2Со градежниот зафат изградени се 100 простории наменети за пратенички канцеларии. Изградени се и шест сали за седници на Комисиите кои ќе бидат опремени со по две простории за преведувачите и соба за техника. Со постојните четири сали, вкупниот број на простории кои ќе бидат на располагање на овие собраниски тела ќе изнесува 10, односно секоја сала ќе биде наменета за заседавање на две конкретни комисии.

Големата Протоколарна сала сместена под големата купола, секако е најмаркантниот дел од новиот простор со кој ќе располага Собранието. Оваа сала ќе биде повеќенаменска, главно наменета за меѓународни средби и собири и опремена со современа техника и ќе располага со околу 250 седишта.

Реконструкцијата , доградбата, адаптацијата и надградбата на зградата на Парламентот започна во 2010 година. Со овој зафат Собранието ќе добие нови 4.000 квадратни метри корисна површина или, заедно со старите, околу 17.300 квадратни метри.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1