Сава се заканува. Белграѓани спонтано се собрале на кејот, пишува српски „Блиц“. Неверојатниот дух и пожртвуваност на граѓаните од српската престолнина ги доведе во толку голем број, што вреќите со песок “летаат“ кон реката.
Засилена одбрана од поплава во Белград се формира на потегот од Небојшината кула до Топчидер, а нивото на загрозеност пред се ‘ зависи од водостојот на Сава, вели за „24 сата“ Сања Вуксановиќ- Жугиќ.
-Не можеме точно да предвидиме колкаво ќе биде нивото на реката Сава во градот и колку Белград ќе биде загрозен. Повеќе за тоа ќе знаеме утре, па ќе работиме на основа на тие податоци, вели Жугиќ.
Таа додава дека водостојот на Сава делумно зависи и од поплавата во Хрватска.
Градскиот штаб за вонредни ситуации во Белград извести дека итно се потребни волонтери за полнење на вреќи во Макиш 1 поради заштита од поплава. Штабот соопшти дека превоз до Макиш е организиран за сите волонтери во 21 часот пред Белградскиот саем.