Аххх судбино – Бил сираче, водата му ги однесе жената и детето, а тој без одмор спасува


Оваа трогателна приказна ја пренесуваат српските медиуми по апел од надлежните кој го запознале младиот Слободан Недељковиќ Џамбо како деноноќно, пожртвувано без ни минута одмор спасува луѓе во Обреновац – кога сакале да му се заблагодарат ја чуле неговата трогателна судбина.

Tan2014-5-16_171433431_3Тој се преселил во Обреновац како бегалец од Косово на 6 години – бил сираче , цело семејство му загинало на Косово , бил сам на светот се додека не ја запознал сопругата и добиле детенце. Но трагедијата повторно го удри овој млад човек – повторно остана сам, поплавата ги однела неговата жена и дете. Иако вели се надева дека се живи свесен е дека се шансите се помали. Но затоа ако не можел да ги спаси едногодишниот син и жената ќе спаси што повеќе може свои сограќани.

Слободан Недељковиќ Џамбо ( 25 ) во времето на поплавите бил во градот а сопругата и детето во куќата на родителите на сопругата со намера да бидат побезбедни во големата куќа. Но водата брзо навирала и стасала до покривот одеднаш голем и брз бран само ги зафатил и однел во далечината – дедото се обидел да ги стаса но брзата вода ги однела.

obrenovac-500Отишол да ги земе а кога со чамецот стасал куќата била под вода а немало ни трага од неговото семејство.  Тој се обидел да ги најдете во засолништата во Белград , надевајќи се дека ги спасиле со бродот. За жал неможел да ги најде. Разочаран заминал за Обреновац да помогне и да се надева дека ако се загинати барем ќе ги најде нивните тела.

– Сега јас им помогам на другите и се надевам деќа ако загинале барем ќе ги најдам нивните тела , барем да ги закопам како што е ред – рече Недељковиќ , благороден млад човек кој не спие со денови , спасувајќи уплашени луѓе.

Надлежните молат да се запамти името на овој херој – и да му се помогне по поплавите

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1