Драма во околината на Шабац – итна евакуација


Во тек е евакуација на десет села во околината на Шабац. Надлежните апелираат дека најпрво ќе се евакуираат децата и жените, за мажите да може да помогнат при евакуацијата

sabac-itna-500Шефот на градскиот штаб за одбрана од поплавите генерал Љубиша Диковиќ наредил итна евакуација на жителите на десетина села на десниот брег на Сава, кај Шабац.

-Не можам да сфатам, зарем три дена поминати надвор од куќата се помалку вредни од животот. Водостојот на Сава да е понисок, да е на 590 сантиметри, нема да наредам евакуација, изјавил Диковиќ.

Тој наведува дека нивото на водата се намалува, но тоа не значи дека опасноста поминала.

 -Бедемите се полни со вода и постои реална опасност дека ќе дојде до пробивање. Синоќа имавме исклучително тешка ситуација кај Чеврнтије, кои 500 војници успешно ја санираа и спречија водата да се излие и да направи катастрофа, вели генерал Диковиќ.

  Тој на жителите на селата кои се на списокот за евакуација и порача ако не веруваат толку е сериозна состојбата, сами да појдат до бедемите и да видат колку пропуштаат.

Насипот почна да попушта и постои сериозна опасност од пробивање на водата на неколку места. Првите знаци за предупредување се дека во долниот дел од насипот се појавила вода која создава кал, па поради тоа и самиот насип не е безбеден.

 Војниците и полицајците веќе започнале со евакуацијата, но жителите не сакаат да ги напуштата своите куќи. Диковиќ, како што пишуваат српските медиуми, лично ги молел и им наредувал на граѓаните да ги напуштат домовите за да ги спасат животите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1