Случајот со малезискиот авион кој исчезна на 8 март годинава со 239 патници и членови на екипажот и се уште не е пронајден, ќе добие своја филмска приказна.
Имено, индискиот режисер Рупеш Пол најави снимање на филм токму за ова сторија.
На Канскиот фестифал тој за Hollywood Reporter изјави дека драмата со работен наслов The Vanishing Act, нема да ги допира семејствата на исчезнатите патници. Филмот би требало да биде готов во септември, а Рупеш инсистира на тоа да не ја експлоатира туѓата трагедија.
„Контроверзиите ќе бидат од индиректна помош, но нема да профитираме директно од она што се случи“, изјави тој.