Штипјанката одела на роденден кога ја убил нејзиното момче – ова се починатите (Фото)


Тргнала на роденден кај својата пријателка, но го загуби животот. Триесет и осум годишната Адријана С., од Штип ја застрела момчето, кое потоа сам си пресуди.

182196

adrijana-500Скопјанецот Горан С. (42) синоќа по расправија ја уби својата девојка 38-годишната Адријана С. од Штип, по што се самоуби.

Убиството и самоубиството се случи во скопско Ново Лисиче на улицата „Видое Смилевски Бато“ вчера вечерта околу 20:30 часот.

Адријана со автомобил дошла во населбата за да оди на роденден кај пријателка. Набрзо со своето возило дошол и Горан кој се паркирал во близина на зградата, по што двајцата започнале расправја која завршила трагично.

Од МВР денес излегоа со детали за вчерашната трагедија со скопско Ново Лисиче.

Околу 20:30 часот на улицата „Видео Смилевски Бато“, по претходна расправија 42-годишниот скопјанец Горан С. ја застрелал Адријана со која бил во љубовна врска.

ubistvo-vo-lisice-1

gorannn-500-Од самото место на убиството и самоубиството подигнати се три чаури, подигнат е и пиштолот со кој е извршено убиството и самоубиството марка „Взор“ калибар 7, 62 мм, кој според досега направените проверки бил легално поседуван и му припаѓал на таткото на лицето кое го извршило и убиството и самоубиството, истакна помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.

По извршениот увид телата на двајцата починати се предадени на обдукција.

Според неофицијалните информации, двајцата биле вработени во Јавното сообраќајно претпријатие, Горан работел како возач.

Фото – Курир

ФОТО: Ова е човекот кој ја уби својата девојка и се застрела во Ново Лисиче – бил возач на ЈСП

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1