Моштите на Свети Кирил за првпат во Македонија


На 24 мај, на празникот на сесловенските апостоли и просветители Светите Кирил и Методиј, првпат во Македонија ќе бидат изложени моштите на Свети Кирил

sveti kiril mostiЕдинствените мошти на Свети Кирил во земјава ќе бидат изложени во Католичкиот храм во Богданци, кој го носи името на солунските браќа, за време на светата Архиерејска Златоустова литургија, која ќе почне во 10 часот.

Литургијата ќе ја предводи д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх, а веднаш по неа ќе се одржи Молебен во чест на Светите Кирил и Методиј. Секој добронамерен верник ќе има можност да се поклони пред моштите на Свети Кирил.

Свети Кирил почива во базиликата „Свети Климент“ во Рим, а ова е еден од ретките сертифицирани примероци од неговите мошти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1