ВИДЕО: Палеле и си ги покажувале половите органи- МВР ги фати демонстрантите од Ѓорче


Благодарение на обезбедените снимки и доказни материјали, како и извршената идентификација, Министерството за внатрешни работи во врска со инцидентите на вчерашните протести во Ѓорче Петров, по претходен договор со надлежниот Јавен обвинител, поднесе кривична пријава против пет лица од Скопје.

videomvr1Осомничените Б.Н.(30) и З.М.(30) од Аеродром, Д.З.(35) од Бардовци, Д.П.(38) од Ѓорче Петров и Д.Н.(19) од Стајковци се товарат дека сториле кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. Казната предвидена во кривичниот закон за вкаво дело изнесува од 3 месеци до 3 години, додека за водачот на толпата предвидената казна затвор изнесува од 5 месеци до 5 години.

Против Д.П.(38) во периодот од 1996 година до 2010 година, се поднесени 4 кривични пријави и тоа за „самовластие“, „загрозување со опасно орудие“, „учество во толпа“ и „тешка кражба“. Против Д.Н.(19) минатата година е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Насилство“.

Осомничените во текот на денов ќе бидат изнесени пред надлежен Јавен обвинител.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1