Поплавени згради и огромна количина вода – еве како изгледа Обреновац денес од воздух (Видео)


Нивото на водата во српски Обреновац се уште не почнало да опаѓа, но ситуацијата е стабилна, велат од Кризниот штаб. Во тек е чистење на теренот, дезинфекција и дератизација.

obrenovac 33Кризниот штаб треба да ја разгледа можност за враќање на возрасните мажи во безбедните делови на градот со цел да мпомогнат во расчистување на теренот.

Ангажирани се и 100 пумпи за испумпување на водата од пониските делови на градот. Републичкиот штаб за вонредни ситуации изјави дека водостојот на реките Сава и Босут кај Сремска Митровица е во опаѓање и дека ситуацијата е стабилна. Српскиот премиер Александар Вучиќ вчера објави дека во поплавите во Србија животот го загубија вкупно 27 лица, од кои најмалку десет или 11 починале од природна смрт.

Еве како Обреновац изгледаше од воздух денеска – се уште огромна количина вода и згради и куќи под вода.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1