Српскиот премиер Ивица Дачиќ преживеа вистинска драма кога владиниот авион „фалкон“ се подготвувал да полета кон Лондон, со цел владиниот кабинет да го проследи ватерполо натпреварот на српската репрезентација на ОИ.
Штом полетале од аеродромот во Сурчин, авионот во кој што се наоѓале, Дачиќ и шефот на дипломатијата Иван Мркиќ се расипал.
„Настанала вистинска драма меѓу екипажот во авионот, поради фактот што истите знаеле дека овој авион и во минатото често се расипувал.
Капетанот морал во летот да го испушти горивото од резервоарот за авионот при принудното слетување не би се запалил.
На крајот успеале безбедно да слетаат. Премиерот бил принуден да почека околу половина час, се додека дефектот не бил отстранет и авионот не бил дополнително проверен. Откако се средила работата премиерот повторно отпатувал за Лондон.
„Сите беа смирени и никој не испаничи, особено не премиерот. Беше смирен и ја следеше ситуацијата. Ги слушаше сите инструкции на екипажот. Се разбира на никого не му беше пријатно, но со малку среќа се добро се заврши и по три часа авионот стигна во престолнината на Велика Британија“, изјави еден од членовите на екипажот.