Најмалку 40 лица загинаа, 400 се повредени во силен земјотрес во Иран


Два силни земјотреси го погодина северозападот на Иран. Големи оштетувања, најмалку 40 загинати и над 400 повредени, изајви шефот на иранската служба за вонредни ситуации Голамрез Масуми.

Првиот потрес бил со јачина од 6,4 степени по Рихтер, во близина на градот Табриз кои има 1,5 милиони жители.

11 минути подоцна следел втор силен потрес со интензитет од 6,3 степени во близина на градот Варзган.

Медиумите јавуваат дека целосно се во прекин телефонските врски во овие области.

Над 25.000 лица загинаа во 2003 година во потресот кој го погоди градот Бам на југот на земјата, потсетува Ројтерс

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1