Се роди бебето кое преживеа абортус!


Бебето чија мајка се обидела да абортира во осмата недела од бременоста, но не успеала, дошло на свет пред помалку од три недели. Малата Амелија Хант изгледа здраво и весело, а не е ниту свесна низ која борба морала да помине за да дојде на свет. Нејзината мајка Шенон Скинер (20) вели дека не знае како да се справи со грижата на совеста затоа што се обидела да ја прекине бременоста.

bebe abortus– Не можам да престанам да ја галам никогаш не сакам да се одвојам од неа – раскажува Шенон за британски „Дејли мејл“, нежно предавајќи го бебето на својот партнер и татко на детето, Антони Хант (24). Нивната постара ќерка Лејси (14 месеци) нежно ја бакнува помладата сестра во чело.

– Ја нарекуваме наше чудо од дете, бидејќи едноставно не знаеме како можела да преживее. Сигурно силно сакала да биде овде. Кога ја гледам како спие, не можам да ја поднесам помислата на тоа дека таа можела никогаш да не биде тука. Долго чувствував грижа на совеста, но сега само чувствувам олеснување – признава мајката.

Иако сега се пресреќни со своите две мали девојчиња, оваа двојка се уште не може да биде потполно мирна. Имено, потребно е да поминат и до четири години за лекарите со сигурност да можат да кажат дали лековите кои Шенон ги земала за прекинување на бременоста предизвикале некои долготрајни проблеми во развојот. Бебето сега изгледа одлично и сосема е здраво, но родителите се грижат за иднината.

bebe 2Таа случајно останала бремена недолго откако го родила првото дете. Имајќи предвид дека првото породување било многу тешко, па Шенон завршила со сериозни повреди на внатрешните органи, таа ги послушала советите на лекарите и се одлучила за медицински абортус.

– Откако Лејси се роди, сакав да се стерилизирам, бидејќи породувањето беше многу трауматично. Бев убедена дека не сакам повеќе деца, но речено ми е дека сум премногу млада за да ја донесам таа одлука. Кога дознав дека повторно сум бремена, првиот инстинкт ми беше да го задржам бебето, но почнав да размислувам за Лејси и дека не би било фер кон неа ако мене нешто ми се случи и ако остане сама – се присетува мајката.

Таа во тој период страдала и од постпородилна депресија, која влијаела на нејзината четиригодишна врска со Антони, и тој се иселил од станот за да и даде малку простор. Кога му соопштила дека е бремена, само две недели по раскинувањето, двајцата се сложиле дека би било неодговорно да се донесе дете на свет во вакви околности. Таа тогаш се одлучила за медицински абортус, кој се извршува со лекови.

Таа вградила контрацептивен имплант, за да не може никогаш да поминува низ несакана бременост, а на родителите сега само им останува да чекаат и да видат дали лековите за абортус му наштетиле на нивното дете или не.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1