Почина газдата на Манчестер Јунајтед


Газдата на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, Американецот Малком Глејзер починал вчера на 85-годишна возраст.

PJasienskiГлејзер е сопственик на Манчестер јунајтед од 2005 година и оттогаш освои пет шампионски титули во Премиерлигата, еден трофеј во ЛШ, но воопшто не беше популарен кај навивачите на англискиот великан.

„Со тага можеме да соопштиме дека сопственикот Малколм Глејзер утринава почина на 85 годишна возраст” – стои во соопштението на НФЛ тимот Тампа Беј чиј сопственик исто така е Глејзер.

Глејзер со Тампа Беј Буканерс стана шампион во 2003 година. Глејзер има шест деца, кои ќе го преземат раководењето на клубовите и 14 внуци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1