Од денес поројни дождови и пониски температури


Обилни врнежи, локално и над 20 литри на метар квадратен, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Дождот ќе ја зафати Македонија ноќта меѓу четврток и петок, во период од 12 часа.

29Поради влијание на влажен бран од Медитеранот, времето утре и задутре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, во јужните делови проследени со грмежи.

Температурата позначително ќе опадне и во петок ќе се движи од 16 до 22 степена, а потоа ќе биде во благ пораст.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и локални врнежи дожд со послаб интензитет и ретки грмежи.

Во петок и сабота ќе дува умерен, на места повремено засилен северозападен ветер.

УХМР предупредува во случај на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1