Здравко Чолиќ ја промовира Македонија во новиот спот (Видео)


Спотот е снимен во Македонија на почетокот на овој месец, на атрактивни локации во Скопје и Охрид.

cola.jpg500Како специјален гостин во спотот покрај Чолиќ се појавува и Влатко Стефановски, а своја улога има и манекенката и поранешна лото девојка Натали Грубовиќ.

Видеото е во режија на Игор Иванов Изи и е замислено како своевидно патување низ времето и на пост-модерен начин ги поврзува различните локации и стилови, претставувајќи ја Македонија од нејзиното древно наследство до денес.

Текстот на песната “Ватра и барут“ го напиша Марина Туцаковиќ со помош на Чола кој е композитор на оваа нумера, додека аранжманот и продукцијата ја потпишува Никша Братош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1