Роберт Ланца, професор на Универзитетот по медицина во Северна Каролина тврди дека според теоријата на биоцентризмот смртта е всушност само илузија создадена од страна на нашата свест
Теоријата се базира на идејата дека смртта не е конечна како што мислиме, а главната премиса за тоа е дека животот е исход кој го создава универзумот, а не дека вселената го создава животот. Затоа, нашата свест го определува обликот и големината на сè во универзумот, а времето и просторот всушност не се движат со оваа брзина, туку ние самите тоа така сме го “подредиле” во својата глава.
Кога едно лице прифаќа дека просторот и времето се само конструкции на нашиот мозок следи заклучок дека идејата за бесмртност постои во светот во кој не постојат граници во просторот и во времето. Така, физичката смрт не е конечна, барем што се однесува до професорот Ланца и до неговата теорија за биоцентризам, пишува BeforeIt’sNews.
Неговата теорија, исто така, ја поддржува и онаа на Јан Стивенсон, кој со примерот на момчето Сем докажа дека реинкарнација постои. Момчето, е всушност, родено една и половина година, по смртта на неговиот дедо. Кога имал 18 месеци, неговиот татко му ги менуваше пелените, и во тој момент момчето погледна во него и рече: “Кога бев на твои години јас ги менував твоите пелени.”
Стивенсон има околу 2.500 случаи во кои има докази дека детето е всушност реинкарнација на минатиот живот. Доказ за ова лежи во сеќавањата на малите деца.
Погледнете го видеото:
Кукурику.Мк