Во мејлот напишан на невешт српско-хрватски јазик „Мајкрософт“ известува дека корисникот е победник во наводна наградна игра и дека треба да ги достави личните податоци.
Корисниците на интернет во регионот деновиве добиле порака на електронската пошта со известување од централата на Мајкрософт, но всушност станува збор за една од многубројните измами во која главна цел е да се добијат личните податоци на корисникот. Во мејлот напишан на невешт српско-хрватски јазик „Мајкрософт“ известува дека корисникот е победник во наводна наградна игра и дека треба да ги достави личните податоци како што се име и презиме, матичен број , место на живеење, занимање, број на мобилен телефон и сл.
Телеграф.мк/Мондо.рс