Ја ограбил, па ја побарал за пријател на Фејсбук


Жена пријавила во полиција дека човек со тетоважа во облик на триаголник на вратот ја ограбил додека чекала траект во државата Вашингтон.

fejs33Следниот ден, на својата Фејсбук страница затекнала барање за пријателство од непознат маж, по име Рајли Малинс. Ја погледнала неговата слика и се вџашила кога ја препознала неговата тетоважа.

Веднаш повикала полиција, па Малинс (28) бил уапсен.

Тој во полицијата изјавил дека го дознал нејзиното име кога во украдената чанта ја пронашол нејзината лична карта и оти сакал да ја има меѓу пријателите затоа што му се допаднала како изгледа.

Sitel
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1