Археолозите кои учествувале во истражувањето на гробницата Јангџаи во Кина дошле до сензационално откритие за најстарите панталони во историјата на човештвото. Научниците претпоставуваат дека се стари меѓу 3.000 и 3.300 години.
Панталоните се пронајдени во гробницата на двајца мажи кои, најверојатно починале на 40 годишна возраст. Мажите биле сточари, но во исто време и војници. Меѓу другите предмети кои биле пронајдени се: камшик, парче од дрвен коњ, воена секира и лак.