Археолозите кои учествувале во истражувањето на гробницата Јангџаи во Кина дошле до сензационално откритие за најстарите панталони во историјата на човештвото. Научниците претпоставуваат дека се стари меѓу 3.000 и 3.300 години.

Облеката е пронајдена во гробница која е стара најмалку 3.000 години, но и покрај тоа панталоните се во добра состојба. Тие потекнуваат од периодот на почетокот на јавањето, затоа што претходните видови на облека како тогите, не се погодни за јавање.
Панталоните се пронајдени во гробницата на двајца мажи кои, најверојатно починале на 40 годишна возраст. Мажите биле сточари, но во исто време и војници. Меѓу другите предмети кои биле пронајдени се: камшик, парче од дрвен коњ, воена секира и лак.










