Имаме 36 мултимилионери во Македонија


Во Македонија лани имало 36 поединци чие лично богатство надминувало 30 милиони американски долари. Заедно овие 36 македонски граѓани вкупно „тежат“ 4 милијарди долари, информираат за „Утрински весник“ од „Велт икс“, организација која ги има во фокусот најбогатите луѓе на планетата.

covek pariСпоред нивниот извештај, лани светската популација на ултрабогати луѓе нараснала на рекордни 199.235 лица, кои заедно поседувале имот вреден 27,8 билиони долари. И покрај економската криза, растот главно е во Северна Америка и во Европа, каде што имало 10 илјади богати повеќе, со вкупен пораст на богатството од 1,5 билиони долари.

Лани клубот на ултрабогати во нашата земја се зголемил за еден, во споредба со 2012-2013 година, кога последен пат имаше одделни податоци за нашата земја. Но, нема промена на нивното вкупно богатство кое го поседуваат – и тогаш и сега тие располагаат вкупно со 4 милијарди долари, проценува „Велт икс“. Македонија во тогашниот извештај беше рангирана на 42. место (од вкупно 45 европски држави) според бројот на поединци кои се сместени во категоријата екстремно богати.

„Велт икс“ не наведува кои се луѓето кои располагаат со најмалку 30 милиони долари.

Ова се најбогатите македонци – еве колку пари тежат и што се имаат (Фото) 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1