Се уште не се знае судбината на овој човек – 25 год од крвавите протести на плоштадот Тјенанмен


Денеска се навршуваат 25 години од крвавите студентски протести на плоштадот Тјенанмен во Кина. Демонстрантите велат дека властитего забрануваат споменот на овие протести. Образложението на официјален Пекинг е дека студентите правеле контрареволуција.

tijenanmen protesti covek tenkМирните протести од четириесет дена преминале во жестоки судири, Владата наредила задушување на продемократското движење, се пукало во цивили, а точниот број на загинати не се знае ниту по 25 години.

Човекот кој пред 25 години застана пред колоната тенкови на пекиншкиот плоштад Тјенанмен остана симбол на мирниот протест и на пркос. Но по 25 години не се знае судбината на овој човек, кој на 5 јуни 1989 година, застана против насилството.

Една година подоцна по крвавото задушување на протестот на Тјенанмен американската новинарка Барбара Волтерс на тогашниот претседател на Комунистичката партија на Кина Џијанг Цемин му ја покажала фотографијата на човекот кој стои пред текот и го прашала: „Дали знаете што се случило со овој млад човек?“

Џијанг бил збунет од прашањето и кусо одговорил дека не верува дека момчето е убиено.

По 25 години и друг кинески новинар се обидел да ја дознае судбината на овој човек, но и судбината на војникот кој го возел првиот тенк во колоната, кој одбил да го прегази. Обидите на новинарот завршиле безуспешно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1