Судот во Саудиска Арабија наредил развод на еден пар после 25 години брачна заедница, врз основа на откриени докази кои укажуваат на тоа дека сопружниците се брат и сестра, пренесуваат медиумите.
Судот изјавил дека има доволно докази дека овој пар, кој има седум деца, е доен од иста жена, што нивниот брак го прави незаконски.
Одлуката е донесена во склад со препораката на муфтијата на Саудиска Арабија, шеикот Абдул Азиз ал Шеик.