Мажот кого инспекторите од Одделението за органзиран криминал го испитувале под сомнение дека ја следел и тајно ја снимал пејачката Северина и нејзиниот син е Маријан Хушко, поранешен припадник на Антитерористичакта единица “Лучко“, а сега редар во диско барот “Папаја“ на плажата Зрќе на Паг, каде пејачката минатата година го снимаше спотот за летниот хит “Италијана“.
Хушко пред 5 дена е идентификуван и приведен во криминалистичката полиција во Загрев под основано сомнение дека заедно со уште еден маж ја следел 42-годишната естрадна ѕвезда Северина Вучковиќ и нејзиниот двегодишен син Александар.
Пензионирниот специјалец Хушко им изјавил на инспекторите дека случајно се нашол во улицата на Северина – и кажал дека тука често поминувал, кога шетал поради нарушено здравје.
Другиот маж се уште не е откриен.
Маријан Хушко е идентификуван благодарение на фотографијата која ја снимил долгогодишниот менаџер на Северина Томица Петровиќ. Иако засега не се јасни мотивите на следење и тајното снимање на пејачката и нејзиното дете, полицајците се внимателни, а и самта Северина ги променила животните навики и речиси и не се одвојува од детето.
Инаку, Северина Вучковиќ пријави минатиот месец сомнеж дека ја следат со денови двајца непознати корупентни мажи кои седеле во сребрен “пасат“ пред нејзината куќа во Бијеничка улица и мислела дека тие тајно ја снимаат неа и нејзиниот син, па се исплашила за безбедноста на детето.