Се омажила од љубов – семејството пукало во неа, ја врзале во вреќа и фрлиле во канал (Видео)


Пакистанска девојка го преживеала ранувањето и фрлањето во канал, а така свирепо била казнета од сопственото семејство бидејќи се осмелила да се омажи за човек по нејзин избор, соопшти пакистанската полиција во четвртокот, една седмица откако трудница од истите причини беше каменувана до смрт пред судот во Лахоре од членови на сопственото семејство.

62907_20140605-reuters-stringer-hafizabad-di006538123_630x0Дваесетгодишната Саба Кајсер, од областа Хафизабад во провинцијата Пенџаб, ја застрелале нејзиниот татко, братот и уште двајца на поширокото семејство., а потоа ја ставиле во ранец и ја фрлиле во канал, мислејќи дека е мртва изјавил полицискиот офицер Забитај Кан, пренесува DPA.

Девојката, за среќа, преживеала и со помош на локални жители е префрлена во болница. Застрелана била во лицето и во едната рака, но по лекарската интервенција е стабилна и надвор од животна опасност.

Кан потврдил дека полицијата го уапсила нејзиниот татко, како и братот, додека трага по другите двајца извршител и овој најново случај на „убиство од чест” во Пакистан.

Минатиот четврток бремената 25-годишна Фарзана Икбал беше убиена со каменување од нејзиното семејство пред, бидејќи се омажила за човек кого самата го избрала, а нејзиниот сопруг Мухамед Икбал изјави дека и покрај барањето помош никој не реагирал во 15-минутното насилство пред Високиот суд во Лахоре каде што чекала да започне процесот на кој таа требала да се изјасни пред судот дека доброволно се омажила. Од сите напаѓачи, единствено е приведен нејзиниот татко кој останал на местото на злосторството кое го признал, додека во бегство се нејзините двајца браќа и поранешниот вереник.

1226834-silovanaПо ова брутално убиство кое ја возбуди пакистанската јавност, премиерот Назив Шариф по вестите за „бруталното убиство” извршено во присуство на полицијата и додаде дека „целосно неприфатливото” злосторство треба да биде процесуирано во согласност со законот.

Во делови од Пакистан, речиси целосно муслиманска земја со 180 милиони жители, се очекува жените да се согласат со договореното венчавање, а нивното одбивање често доведува до ткн „убиство од чест”. Многу пакистански семејства ја сметаат за нечесна жената којашто самата ќе си го избере сопругот. Секоја година околу илјада пакистански жени го губат животот од рацете на членови на семејството во таканаречените злосторства за одбрана на честа, наведува групата за човекови права Аурат.

Злосторствата од чест ги извршуваат главно членови на семејството, а доколку и бидат осудени, најчесто излегуваат од затвор, бидејќи пакистанскиот закон им дозволува на семејствата на жртвата да му простат на сторителот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1