Екипите на Градот Скопје вo сабота ќе ја санираат дилатационата фуга и оштетувањата во асфалтот на мостот кај Транспортниот центар.
Поради тоа, во сабота, во периодот од 8 до 15 часот, на овој мост ќе се воведе привремен сообраќаен режим.
На двете десни сообраќајни ленти од мостот (гледано во насока од сајмиште кон Аеродром), на коишто ќе се изведуваат градежните работи, ќе се постави соодветна патна сигнализација.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособата брзината на движење на условите на патот.