По напнат натпревар македонските ракометни репрезентативци остварија победа на гостувањето во Грција, со 27-25.
Ракометната репрезентација на Македонија ја совлада Грција, во Атина, 27-25 (13-12), во првиот бараж натпревар за пласман на СП во Катар.
Голманот Борко Ристовски се покажа клучен и на овој меч со 17 одбранети удари на нашата мрежа. Кога станува збор за стрелците, најефикасни беа Кире Лазаров и Дејан Манасков седум односно шест голови, Филип Миркуловски постигна три, по два гола дадоа Гоце Георгиевски, Ванчо Димовски и Филип Лазаров, а по еден гол постигнаа Немања Прибак, Гоце Ојлески и Ренато Вугринец кој го имаше своето деби за Македонија.
Реванш во Скопје, идната недела.