ДУИ го доби образование место одбрана? Јолевски е новиот министер за одбрана


Зоран Јолески ќе биде новиот министер за одбрана во македонската Влада. Образование наместо одбрана. Ова, најверојатно единствената ротација на ресори во извршната власт по што практично нема пречки да се заклучи договорот меѓу ВМРО-ДПННЕ и ДУИ,  и Груевски и формално да го поднесе предлогот на нов владин состав до Парламентот, објави телевизија Алфа.  

jolevskiiОва се последните информации од редовите на “интегративците“. Тие денеска зад затворени врати го конституираат Централното претседателство, потесниот партиски врв и ќе ги дефинираат имињата на новите министри од нивните редови.
Според неофицијалните сознанија – Абдулаќим Адеми ќе биде нов прв човек во ресорот образование. Тој и Муса Џафери и Фатмир Бесими кои остануваат вицепремиери за Рамковен договор и за евроинтеграции, се единствените кои и досега беа во извршната власт. Останатите предлози, како што се дознава, нови имиња.
Министер за правда се очекува да биде Аднан Јашари, за економија – актуелниот директор на ПИОМ Беким Незири, за локална самоуправа – Лирим Шабани – како предлог на кумановскиот огранок. За екологија предлог треба да биде тетовски кадат – а, се споменуваше името на Хазби Лика.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1