Во с.Сарај, вчера попладне настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка.
И.И.(34) од Сарај со нож му нанел повреди на А.Ш.(24) од с.Шишево.
Повредениот е пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ каде му се констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.