Паника над Европа – сите патнички авиони ги снемало од радар


Неколку авиони ги снемало во четврток од радар во воздушните простори на Австрија, Германија, Чешка и Словачка, што предизвикало вистинска паника во контролите на летовите.

airliners-net-copy-830x553Дури 25 минути некои од летовите ги немало на радарот, па контролорите биле принудени да ги користат „старомодните“ методи и да стапат во контакт со пилотите.

„Ситуацијата не беше толку опасна, како што можеби се чинеше, бидејќи контролорите во секој момент знаеа во кој дел од австрискиот воздушен простор се наоѓаат авионите. Безбедноста на патниците и посадата ни во еден момент не беше загрозена“, соопштија од австриската контрола на летовите. ќ

Неофицијално, причина за овој настан е воената вежба на НАТО во Унгарија, чија цел е да се наруши авио-комуникацијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1