Брзината и Алкохолот земаа 3 млади животи – Ова се загинатите 2 девојки и момче (Видео/Фото)


Владица Матовиќ (20), Милица Лежимирац (20) и Александар Мариќ (20) загинаа во стравична сообраќајна несреќа која се случи во саботата доцна во ноќта, два часа по полноќ во Нови Сад.

deca.jpg500Несреќата се случила кога на голфот во кој биле тројцата загинати, а кои се враќале од пет години од полуматура, налета со огромна брзина автомобил Ауди А8 со кој пијан управувал  Деспот Враниќ (21) . Семафорот на кој поминал Враниќ со аудито веќе светел жолто, но и да сакал да закочи не би успеал бидејќи возел со брзина од 160 километри на час. Тој и да бил зелен семафорот повторно ќе удрел во голфот оти воопшто не го забележал, барем така велат очевидци за српски Курир.

1deca.jpg500Трагедија: Милица Лежимирац (20), за шест дена и беше роденден.

 

Во семејството на Милица вчера владееше голема тага. Мајката Бранка и братот Владимир немаа сила да зборуваат.

– Кога полицаецот ни заѕвони на вратата, точно знаев дека ќе ми соопшти лоша вест оти имав лошо претчувство. Не можам да верувам дека нашата Милица повеќе ја нема. Наместо на 14 јуни да и славиме роденден ние ја погребуваме, едвај собра сила да каже неколку збора нејзиниот татко Слободан.

Милица беше студент на Природно математичкиот факултет, играше одбојка и беше одбојкарски судија.

2deca.jpg500Владица Матовиќ (20) Не сакала да оди на прославата, 5 години од полуматура.

 

Нејзината мајка Душанка Матовиќ не може да поверува дека ја изгуби својата ќерка.

– Студираше на Факултетот за технички науки и сите испити ги положи уште пред дадениот рок. И таа вечер се размислуваше дали да излезе да се види со другарите од основното училиште или да го подготвува следниот испит. Одлучила накратко да оди и да ги испочитува. И ете што се случи. Има 8 годишен брат. И нему како и мене ни беше се, наша гордост, вели низ солзи Душанка.

Александар Мариќ (20) остави тројца помлади браќа.

 

3deca.jpg500– Во куќата на Александар Мариќ расплакана не дочека неговата баба Добрила Новаков. Мајката Гордана е под седативи.

– Што да ви кажам кога го нема повеќе моето првенче, мојот прв внук. Мојот Цоле заврши во Карловачката гимназија, а желба му беше оваа година да се запише на Академијата за музичка продукција. Една година се подготвуваше за приемниот испит, но не го дочека. Волонтираше во театарот и беше внук кој секоја баба би го посакала. Неговите тројца помлади браќа се во шок, не можеме да ги смириме, вели низ солзи Добрила.

Во крвта му измериле  1,17 промили. На возачот на аудито му следи прекршочна.

 

Како што дознава српски Курир, возачот на аудито Деспот Враниќ имал 1, 17 промили алкохол во крвта. Возел со 160 километри на час. Беше однесен во Ургентниот центар каде му се констатирани полесни повреди, па е пуштен на домашно лекување.

Враниќ не е задржан во полиција, а против него ќе биде поднесена прекршочна пријава поради возење под дејство на алкохол и возење со преголема брзина.

4deca.jpg500

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1