Доксан Душку, откако неговата ќерка одбила да му каже кој е татко на нејзиното дете, по расправијата земал автомат и во неа истрелал рафал од 8 куршуми додека се обидувала да избега.
Лулзим Душку, брат на 21-годишната Фатмира Душку, по природа е многу тивок, но зборувал многу убедливо. Тешко му е зборува за катастрофата која се случила, но одлучил да биде првиот кој ќе положи цвет на гробот на својата сестра, која премногу ја сакал.
– Тато ја праша кој е татко на нејзиното дете. Фатмира не сакаше да каже. Тој никогаш не ја тепаше. За жал, ние не бевме дома кога се случило ова злосторство – вели Лулзим.
Тој изјавил дека му простил на својот татко. Запрашан зошто не плаче и дали чувствува болка поради загубата на својата сестра, тој одговорил:
– Јас плачам, но кога сум внатре во куќата, кога не ме гледа селото.
Инаку, убиството на Фатмира Душку и бебето кое го носела ги вознемирило сите жители на Слатине, но и пошироката албанска јавност. Три дена по случката, Доксан Душку не се кае за тоа што го направил.
– Не се каам за убиството. Ја убив за да ја зачувам честа на семејството – изјавил пред властите на селото Слатина.
Таткото убиец бил префрлен во Тирана, а денес се очекува судот да го обвини за тешкото кривично дело, пренесуваат балканските медиуми.