ФОТО: Во Македонија бубрег се продава за 80.000 евра


Огласи на кои граѓани го продаваат својот бубрег може да се најдат на најпопуларните интернет страници за огласување. Оние огласи кои ние ги најдовме велат дека бубрег во земјава се продава за цена меѓу 50.000 и 80.000 евра, пишува Прес24

bubregОние кои што ги продаваат бараат дискреција. Според она што го пишува во огласот, на таков чекор се решаваат поради лоша финансиска состојба.
Press24 се обидеда добие некој од оние кои што ги поставиле огласите, но на електронската пошта не одговара никој, а телефоните или не постојат или пак на нив не се јавува никој.

Трговијата со човечки органи во Македонија е кривично дело. Доколку полицијата пронајде некој од оние кои се обидуваат да си продадат орган, најверојатно ќе добијат затворски казни.

Пред една недела, српската полиција успеа да документира случај во кој две лица на возраст од 38 и 39 години си ги продавале бубрезите за да ги вратат кредитите што ги имале земено од банка. Во Србија, според огласите на овие луѓе, бубрег се продава за повеќе од 100.000 евра.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1