Професионалци од компанија „Инмарсат“ сметаат дека досегашната потрага по најбараниот Боинг била во погрешна област.
Британската компанија Inmarsat, која управува со сателити, за Би-Би-Си рекла дека потрагата по исчезнатиот Боинг се уште не е започната на подрачјето за кое нивните експерти сметаат дека е најточна локација на падот на авионот.
Комуникацијата на Inmarsat со летот MH 370 се смета за најдобра трага досега.
Со оглед на тоа што потрагата за боингот накратко е прекината, кога ќе биде продолжена подрачјето на Inmarsat ќе биде клучно место, но не и единстветно. Ќе се пребаруваат и останатите подрачја кои ги означиле останатите организации кои учествуваат во потрагата.
Сателитот на Inmarsat воспоставил краток контакт со исчезнатиот авион. Експертите на основа на собраните податоци пресметале дека авионот паднал во јужниот дел на Индискиот океан.
Австралискиот брод „Ocean Shield“ тргна кон означеното подрачје, но таму никогаш не стигна бидејќи по пат забележа соларен контакт за кој се сметаше дека се работи за црната кутија.
Боинг 777 исчесна на летот од Каула Лумпур за Пекинг на 8. март оваа година. На летот се наоѓале 239 луѓе.