Пет лица се повредени утрово во несреќа кога автобус излетал од патот во близина на наплатната рампа Желино, кај Тетово.
Според податоците на СВР Тетово,несреќата се случила утрово во 07 часот и 30 минути при што автобус на Евротурс Гостивар, кој одел на релација Тетово-Скопје. Возачот изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во земјиниот насип покрај патот.
Од ударот повредени се пет лица , тројца од Тетово и двајца од Скопје, како и возачот. Повредените се со лесни повреди и веќе се пуштени на домашно лекување.