Се преврте автобус пред Тетово – петмина повредени


Пет лица се  повредени утрово  во  несреќа  кога  автобус  излетал од патот  во близина на наплатната рампа  Желино, кај Тетово.

autobuzi1-620x330Според  податоците на СВР Тетово,несреќата се  случила  утрово во  07 часот и 30 минути при што автобус на  Евротурс Гостивар, кој одел на релација  Тетово-Скопје. Возачот  изгубил контрола над  возилото, излетал од  коловозот и удрил во земјиниот насип покрај патот.

Од  ударот  повредени се  пет лица , тројца од  Тетово и двајца од Скопје, како и возачот. Повредените се со лесни повреди и веќе се  пуштени на домашно лекување.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1