Канаѓанец тужи болница дека му го скратила пенисот


Неименуван Канаѓанец ја обвинува болницата во областа на метрополата Монтреал дека му го уништила бракот и сексуалниот живот со неуспешна хируршка интервенција со којашто, како што тврди, неговиот пенис е скратен за 2,5 сантиметра

lekar hirurg3Мажот, чија возраст исто така не е наведена, за The Sun Media објаснил дека го повредил пенисот во текот на сексуален однос со сопругата во летото 2011 година, по што сестрата што го примила направила „мала визуелна опсервација без допир“, а потоа бил хоспитализиран со дијагноза на „помала траума“ и не бил опериран.

Бидејќи следните денови не успевал од оствари сексуални односи, се обратил на доктор кој му дијагностицирал прекршување на пенисот. Хируршката интервенција којашто уследила му го смалила пенисот на 2,5 сантиметра, тврди несреќниот пациент.

Операцијата му наштетила не неговиот сексуален живот, бидејќи две години не можел да има сексуални односи со сопругата, па таа се развела од него.

Оставениот сопруга сега од болницата побарува 155 илјади канадски долари поради негрижа и „неопислива болка“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1