Поранешен новозеландски пилот и истражител на авионски несреќи Јуан Вилсон, и новинарот Џеф Тејлор, тврдат дека иисчезнувањето на малезискиот боинг пред сто дена, било договорено и пресметано
-Вистината која се крие зад летот 370 ќе ги остави во шок патниците. Прв пат изнесовме детали за летот, неговата неверојатна рута, како и за она што било заслужно за падот на авионот во Индискиот океан, вели Вилсон.
Работата започнува на Меѓународниот аеродром во Куала Лумпур на осми март годинава, вели Вилсон и додава дека го истражил секој доказ и ги елиминирал можните сценарија.
Новинарот Тејлор вели дека властите не сакаат да се дознае вистината.
-Но вистината мора да се дознае, поради роднините на исчезнатите. Тие заслужуваат повеќе од измислени приказни. Тоа што се случило на летот 370 не било случајно и не смеело да се допушти, вели тој.
Сите пронајдени теории и докази, тие ќе ги презентираат во книгата „Добра ноќ малезиски авион 370“.









