Четириесет и три годишната порно актерка од Италија, Федерика Џакомини, беше прогласена за исчезната пред пет месеци, а нејзиното тело конечно беше пронајдено.
Телото на актерката беше пронајдено на дното на езерото Гарда во Италија, распарчено и напикано во ковчег.
-Езерото го пребаравме по анонимниот повик дека непознато лице е видено како фрла голем објект во водата. Во ковчегот се наоѓаа пластични кеси со делови од телото – изјави портпаролот на италијанската полиција.
Поранешниот партнер на Џакомини, 55-годишниот Френк Мосони е уапсен како главен осомничен во случајот, откако по претресот на неговиот дом полицијата пронашла шипки, ножеви, облека и лични документи од жртвата.
Мосони неодамна излезе од затвор, каде издржуваше казна поради убиство во 1978 година, поради расправија за девојка.
Федерика Џакомини во текот на три години актерска кариера се појави во 16 порно филмови под сценското име Џиневра Холандер.