Холивудскиот актер Џорџ Клуни кој подолго време има политички амбиции, можеби ќе се кандидира за иден гувернер на Калифорнија
Веќе почнаа да се шират информации дека ќе биде канидат на изборите за гувернер на Калифорнија во 2018 година. А и демократкста партија на САД, го сака на својата листа на кандидати.
Обама и Клуни веќе долго време соработуваат, а Џорџ го поддржуваше Обама во претседателската кампања во 2012 година.
Клуни веќе долго време има политички амбиции, тврдат неговите пријатели, кои би може да ги оствари по венчавката со Аламудин која е закажана во септември.