Трагична сообраќајка на патот Охрид –Струга , изгоре момче во автомобил


soobrakjajkТешка сообраќајна незгода се случи ноќеска околу 01 часот и 30 минути кај охридското село Подмолје во која загина 20-годишно момче од Охрид.

Тој со своето возило удрил во столб на надвозникот кај Подмоље. Од силината на ударот автомобилот се запалил, а најверојатно момчето не успеало да излезе од возилото.Момчето починало на лице место.

Според податоците од полицијата, 20-годишниот Жарко Ц. од Охрид загубил контрола врз автомобилот шкода фелиција, удрил во бетонски столб од надвозникот, при што дошло до експлозија и се запалило возилото.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1