ВИДЕО: И борец од Македонија го запали пасошот и ќе се бори за исламистите


На социјалните мрежи се појави видео снимка на припадници на Исламската држава во Ирак и Левант. Командант од ова екстрмна исламистичка организација кој е Албанец изјавува дека ќе ги покори Ерусалим и Рим.

Главниот говорник со мачета во рацете и пасош на Косово во еден момент ги повикал насобраните да ги искинат пасошите и да ги фрлат на земја бидејќи од каде и да доаѓаат сите се еднакви пред Бога.

kosovo-ratniciВо нивна позадина се вее знамето на оваа екстремистичка организација.

Од почетокот на судирите во Сирија пред три години медиумите известуваа за заминувањето на млади од Нови Пазар во редовите на „Исламската армија во Ирак и Левант ИСИЛ“ и според неофицијални информации во ова воена формација се борат околу 150 косовски Албанци кои ги нарекуваат „Ал Косово“.

Според информациите кои ги има српскиот весник „Правда“, Албанецот кој што говори на снимката е Лавдрим Мухаџири кој што командува со албанските доброволци во Сирија.

Лавдрим Мухаџири познат уште како командант мухаџири две години работел за НАТО во Аваганистан, а по враќањето во Косово ја формира организацијата „Муслиманска младина Качаник“ во која се назначил за Емир односно лидер на военото крило на организацијата.

На снимката се гледа и македонски државјанин како заедно со своите соборци го пали својот пасош, бидејќи како што тие велат сите борци се еднакви пред Бога без разлика од каде доаѓаат и се борат за исти идеи.

Борецот од Македонија можете да го видите на 0:43.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1