Нови мистерии на Марс – откриени тектонски плочи


Долго време научниците сметаа дека тектонски плочи не постојат на ниедно друго место во соларниот систем, освен на Земјата. 

Меѓутоа, истражувачите од Универзитетот Калифорнија откриле дека овој геолошки феномен, во кој спаѓа движењето на огромните континентални плочи под површината на планетата, го има и на Марс.

„Марс е во примитивна фаза на тектонски плочи. Тоа ни дава увид на тоа како можеби изгледала раната Земја и може да ни помогне да сфатиме како настанале плочите на Земјата“, изјави геологот Ан Јин, професор на UCLA за Земјата и вселенски науки.

Јин ги открил тектонски плочи на Марс во тек на една анализа на стотина сателитски фотографии од сателитот “Одисеј“. На околу 10 фотографии се познавале тектонските плочи.

„Кога ги проучував сателитските фотографии од Марс, многу облици ми наликуваа на расади кои сум ги видел на Хималаите, Тибет и во Калифорнија“, изјавил Јин.

Тој воочил многу глатка, рамна страна на кањонот, иста како онаа во Долината на смртта во Калифорнија.

„Такви облици нема на ниедна друга планета во соларниот систем, освен на Земјата, и сега, на Марс“, изјавил Јин.

Некои мистерии и натаму постојат, вклучувајчи ја и онаа, колку длабоко под површината се сместени плочите на црвената планета и зошто се развиле побавно од оние на Земјата.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1