Кошаркарите на Партизан ја продолжија домонацијата во првенствотот на Србија, откако ја освоија 13-та шампионската титула во низа. Во финалната серија Партизан ја совлада Црвена звезда со 3-1 во победи, во четвртиот натпревар ‘црно белите’ победија со 95-87, по дополнителните пет минути.
Но немаше среќа да го прими пехарот затоа што тој завршил во рацете на навивачите на Црвена звезда.
Како што јавува порталот „Спортал“, додека „црно-белите“ се радувале на триумфот во финалната серија, еден од навивачите на Црвена звезда го украл пехарот и го однел на нивната трибина меѓу најжестоките навивачи.
Кошаркарот на Звезда, Марко Симоновиќ отишол на нивната трибина и се обидел да ги разубеди да го вратат пехарот, но „Делиите“ не сакале ни да чујат за такво нешто.