Рајската градина нова туристичка атракција во Скопје – ќе шетаат мајмуни, пауни, елени, верверички


Рајската градина со која Скопје ќе понуди нова туристичка атракција, ќе биде на површина од над 25 хектари. Паркот, кој ќе биде меѓу петте најубави во светот, ќе се гради во повеќе фази. во рајскиот парк слободно треба да шетаат голем број егзотични животни и птици. Исто така тој треба да има голф и тениски терени како и две езерца.

zoo parkЕлени, срни, фазани, пауни, верверички, пони коњчиња и желки се само дел од животните кои ќе го сочинуваат овој уникатен парк. Во него ќе има и мајмуни кои ќе бидат сместени во голем огромен кафез каде ќе можат да поминуваат посетителите и да се забавуваат со нив. Во високиот кафез покрај мајмуни ќе има и многу видови на птици.

Паркот ќе биде лоциран во близина на последната станица на автобуските линии 5 и 15 во Ново Лисиче, покрај кејот на реката Вардар, терен кој во моментов е прилично запуштен.

Новиот парк треба да биде хортикултурно уреден со висока и ниска вегетација и да содржи пешачки патеки, ресторан, детски катчиња со игралишта за најмладите, тениски игралишта, лизгалиште, терен за голф, едно големо и неколку помали меѓусебно поврзани езера, како и многу други содржини предвидени во проектната програма.

Исто така ќе има и патеки за џогирање, за пешачење, за ролерки, електрични колички, коњи со пајтони и слично. Во склоп на паркот ќе се најдат и ресторанти, детски катчиња со игралишта за најмладите и многу други содржини за сите генерации.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1