„Аџибадем Систина“ со своите капацитети и 1. 000 вработени се става на располагање на граѓаните на Македонија


„Аџибадем Систина“ се вклучува на услуга на македонските граѓани засегнати од вирусот Ковид 19, соопштуваат оттаму.

-Во ситуација на алертна состојба со вирусот Ковид 19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со сите свои 1.000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на Република Македонија, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство. На располагање се ставаат и сите слободни апарати за механичка вентилација односно респиратори. Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни.

Следете ги препораките за заштита и превенција од Ковид 19. Грижете се за своето и за здравјето на луѓето околу Вас.

Нашата грижа за Вашето здравје продолжува, се наведува во информацијата до јавноста на оваа приватна здравствена установа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1