A где је печат? – Јакимовски се кандидирал со позајмен печат


 Претседателот на Српската напредна странка во Македонија на раководството на СДСМ му потврдил дека останува во опозицискиот фронт и објаснил дека бил замолен да му го позајми партискиот печат на Стевчо Јакимовски.

A GDE JE PECAT STEVCEОдлуката на Стевчо Јакимовски, член на СДСМ и градоначалник на Карпош да се кандидира на локалните избори во последен миг, не го наруши единството на опозицискиот блок, тврдат во СДСМ.

Генералниот секретар на СДСМ изрази задоволството што сите партии од опозицискиот блок ја испочитувале одлуката за бојкот на изборите.

pecat„Со оглед дека опозицискиот блок покажа големо единство и компактност, одлуката на Стевчо Јакимовски ја третираме како изолиран случај. Мотивите за неговата одлука набрзо ќе излезат на површина, а многу брзо со одлука на партиските органи и во согласност со статутот на партијата Јакимовски ќе биде исклучен од СДСМ. Впрочем, одлуката да се биде кандидат на Српска напредна странка во општина Карпош, самата доволно зборува за себе“, вели Петров.

Нема Србин на листата

Од СДСМ велат дека претседателот на Српската напредна странка во Македонија (СНСМ) Драгиша Милетиќ синоќа му се јавил на највисокото партиско раководство и им потврдил дека и натаму останува во опозицискиот блок и дека ја потврдува оставката на пратеничкиот мандат депонирана во СДСМ. Тој објаснил дека бил замолен од Стевчо Јакимовски само да му го даде партискиот печат на СНСМ, во име на претходна соработка и пријателска услуга.

„За тврдењето дека Српска напредна странка на Македонија само му го изнајмила печатотот на Јакимовски сведочи и факот што на листа на Јакимовски нема ниеден Србин, а има Албанци“, велат од СДСМ.

Извор – DW

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1