АББА одржа прв заеднички настап по 30 години пауза


Четирите члена на легендарната група АББА се појавиле заедно во Стокхолм, Шведска и ги изненадиле своите фанови со спонтано изведување на своите песни. Ѕвездите се собрале во неделата на приватна забава за да прослават 50-годишнината од партнерството помеѓу авторите на нивните песни Бјорн Улвеус (71) и Бени Андерсон (69).abba

Во текот на гала вечерата, Агнета Фалтски (66) и Ани-Фрид Лингстад (70) ја извеле песната од АББА „The Way Old Friends Do“. Бјорн и Бени им се придружиле на крајот на песната, означувајќи го првиот настап на бендот во 30 години.

Бјорн и Агнета беа во брак од 1971 до 1980 година, додека Бени и Фрида се разведоа во 1980 година по две години брак.abba1(1)

Снимките од настапот штотуку треба да се објават, но фотографиите од квартетот веќе се појавија на социјалните мрежи.

Откако победија на натпреварот за Песна за Евровизија во 1974 година со песната Waterloo, АББА продаде речиси 400 милиони албуми низ светот. Мјузиклот „Мама миа!“ заснован на нивните хитови и во продукција на Бјорн и Бени, го видеа повеќе од 50 милиони луѓе, а истиот заработи над две милијарди долари низ светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1